klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трамп: Ормуската Теснина е отворена за комерцијален поморски сообраќај

Трамп: Ормуската Теснина е отворена за комерцијален поморски сообраќај
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 16:26:38

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека Ормуската Теснина е отворена за комерцијален поморски сообраќај, и покрај продолжувањето на меѓусебните напади меѓу САД и Иран. Трамп ова го изјави во интервју за телевизијата Ен-Би-Си. И Централната команда на САД (Центком) денеска соопшти дека Ормуската Теснина е отворена за сите пловни објекти кои сакаат легално да поминат низ тој меѓународен воден пат. Во соопштението, објавено на Х се наведува дека американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат пловидбата низ Ормуската Теснина и понатаму да остане слободна и покрај, како што се вели, „неоправданата иранска агресија, вознемирување, закани и произволни изјави“. „Иран не го контролира протокот. Сообраќајот се одвива без проблеми“, тврди Центком. Од друга страна, Техеран во меѓувреме денеска соопшти дека во моментов не е можна пловидба низ Ормуската Теснина поради, како што наведе, „неодамнешните незаконски активности на американските воени сили во регионот“. Иранската Управа за Персискиот Залив и Ормуската Теснина наведе во соопштение дека сите барања за премин ќе бидат разгледани во согласност со распоредот, а неопходните дозволи ќе бидат издадени штом ќе се воспостават стабилност и мир. Ормуската Теснина, која го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и Арапското Море, претставува една од најважните светски…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti