klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трамп потврди дека го поддржува Тод Бланш за главен државен обвинител

Трамп потврди дека го поддржува Тод Бланш за главен државен обвинител
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·01. 08. 2026. 15:32:18

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на социјалната мрежа „Трут Соушл“ објави дека и покрај противењето на некои сенатори го поддржува именувањето на Тод Бланш за главен државен обвинител. „Ако сенаторите Корнин и Тилис, двајцата лути бидејќи не ги поддржав, не сакаат да го одобрат Тод Бланш, еден од најпочитуваните професионалци во земјата, за главен државен обвинител на САД, тогаш јас ќе го задржам Тод на функцијата в. д. главен државен обвинител“, се наведува во објавата на Трамп на социјалната мрежа. Претседателот на САД потврди дека силно ќе се залага за усвојување на Законот против злоупотреба на државните институции во политички цели. „Јас со тоа ништо не добивам, иако сум изложен на страшно лош третман. Тод Бланш беше гласот на разумот. Веднаш повторно ќе биде (како кандидат) на маса и јас тоа ќе го спроведам“, порача Трамп. Републиканските сенатори Џон Корнин од Тексас и Том Тилис од Северна Каролина ја блокираа номинацијата на Бланш, барајќи пишани гаранции дека Министерството за правда нема да основа фонд кој критичарите на Трамп го исмеваа како „фонд за тајни исплати“ наменет за наградување на поддржувачите, но со пари на даночните обврзници. Корнин и Тилис исто така се противат на договорот со Управата за јавни приходи…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti