Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, за две години го намаливме вкупниот криминалитет за 30%

Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%, додека ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители е 69%, објави Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека во борбата против организираниот криминал сузбиени се над 30 организирани криминални групи, а бројот на разбиени групи поврзани со корупција е зголемен за 50%. Во борбата против трговијата со дрога откриени се над 1.600 кривични дела, пријавени околу 1.900 сторители, запленети 6,2 тони наркотична дрога, спречени девет меѓународни транспорти на марихуана и кокаин, а заплените на кокаин се зголемени за повеќе од 300%. Зад овие резултати, порача министерот Панче Тошковски, стои посветената работа на полициските службеници и одлучната борба за побезбедна Македонија. - Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години! За две години го намаливме вкупниот криминалитет за 30%, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и зададовме силен удар врз организираниот криминал, корупцијата и трговијата со дрога. Зад овие резултати стои посветената работа на полициските службеници и одлучната борба за побезбедна Македонија. Продолжуваме уште посилно, затоа што силна Македонија значи сигурни граѓани и силни институции - објави на Фејсбук Тошковски. Имотниот криминал, информираат од МВР, е намален за…
Povezane vijesti

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, сузбиени над 30 организирани криминални групи
