Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години. Бележиме намалување на вкупниот криминалитет. Постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти, а значително е зголемен и бројот на откриени сторители. Овие резултати се потврда за посветената работа на полициските службеници, подобрената координација и навременото постапување на терен. Особено значајни се резултатите во борбата против организираниот криминал. Сузбиени се над 30 организирани криминални групи, кои дејствувале во различни области – од недозволена трговија со дрога и корупција, до криумчарење мигранти, недозволена трговија со оружје, фалсификување пари, трговија со луѓе и други тешки облици на криминал. Зад овие бројки стојат пресечени криминални канали, спречени незаконски активности и испратена јасна порака дека никој не е над законот и дека институциите имаат капацитет да се справат со најсериозните безбедносни предизвици, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во отчетот за сработеното во изминатите две години. И во областа на корупцијата, напомена Тошковски, се постигнати значајни резултати. Бројот на сузбиени организирани криминални групи со коруптивно делување е зголемен за 50 проценти. Сузбиени се шест такви групи, при што кривично се пријавени 146 физички и 18 правни лица. Откриени се околу 500 кривични дела, а бројот на пријавени сторители надминува 1.000, што претставува…
Povezane vijesti

Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години, за две години го намаливме вкупниот криминалитет за 30%

Тошковски: МВР ја унапреди борбата против организираниот криминал и корупцијата
