Шведска и Франција на врвот по силувања во Европа, Македонија побезбедна за жените

Шведска и Франција пријавуваат десетици пати повеќе силувања на 100.000 жители од Полска, Србија и Македонија. Разликата е впечатлива и заслужува сериозна анализа. Под маската на европската безбедност се крие сложен парадокс: додека во најразвиените западни земји статистиката за силувања и сексуално насилство достигнува рекорди, во регионот на Балканот и Источна Европа бројките се на споредбено минимално ниво. Дали Европа станува поопасна за жените? Жените во Европа се’ помалку безбедни од силувања Според официјалниот извештај на Евростат објавен на 29 април 2026 година, во текот на 2024 година полициските служби ширум Европската Унија регистрирале рекордни 256.302 кривични дела на сексуално насилство, од кои дури 98.190 биле силувања (38 отсто од вкупниот број). Во споредба со 2023 година, ова претставува скок од 5 отсто кај сексуалното насилство и 7 отсто кај силувањата. Но, вистинската димензија на овој тренд се гледа преку децениската анализа на Евростат (2014–2024), каде што регистрираните дела на сексуално насилство се зголемени за неверојатни 94 отсто, додека регистрираните силувања бележат драматичен од 150 отсто. „Зголемениот број на полициски регистрирани прекршоци од сексуално насилство може да се поврзе со зголемената свест во општеството, што директно влијае врз стапките на пријавување,“, се вели во анализата на Евростат. Но овој феномен…
Povezane vijesti

Расте бројот на пациенти на Клиниката за психијатрија: Причина, семејно и партнерско насилство

Расте бројот на пациенти што бараат помош поради психолошки последици од семејно и партнерско насилство
