Расте бројот на пациенти на Клиниката за психијатрија: Причина, семејно и партнерско насилство

Во ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија е забележан пораст на бројот на пациенти кои побарале стручна помош поради психолошки последици од семејно или партнерско насилство. Анализата на електронските здравствени записи покажува дека само во првите седум месеци од годинава биле евидентирани 101 случај, што е повеќе од вкупно регистрираните 79 случаи во текот на целата 2025 година. Како што соопштуваат од Клиниката, според податоците кои ги презентирала проф. д-р Славица Арсова на предавањето „Форензички аспекти на семејното насилство: епидемиологија, последици врз менталното здравје и терапевтската и форензичката улога на психијатарот“, одржано во рамки на Меѓународната конференција за форензичка психијатрија 2026 во Охрид, најголем број случаи во 2026 година биле евидентирани во март, кога биле регистрирани 27 пациенти, во април 23 и во јуни 21 пациент. Од Клиниката посочуваат дека овој период се совпаѓа со случајот во Скопје кога мајка заедно со своето дете скокна од балкон, по претходно претрпено долгогодишно семејно насилство. Истражувањето опфатило ретроспективен преглед на записите во системот „Мој Термин“ за периодот од јануари 2025 до јули 2026 година, за пациенти со дијагнози од групата F43, кои се однесуваат на растројства поврзани со стрес. Проф. Арсова нагласила дека податоците треба да се толкуваат како евидентирани медицински случаи и…
Povezane vijesti

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за седмо одделение

Danas saznaje: Uredniku „Slavija info“ Ljubomiru Stefanoviću policija provalila i pretresla stan
