Судењето против деветтемина полициски службеници за пожарот во Кочани продолжи со материјални докази, одложено сослушувањето сведоци

Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката. На почетокот на рочиштето, Судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од Правилникот за систематизација на работните места со ознака „строго доверливо“, иако претходно било побарано да се разгледа можноста за декласификација на описот и пописот на работните места за потребите на постапката. Судот информираше и дека е доставен извештај изготвен од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за периодот од март до јули 2023 година, кој исто така е со ознака „строго доверливо“. Адвокатот на одбраната, Бранко Колев, реагираше на статусот на овие докази пред испитувањето на сведоците и побара појаснување дали овие документи се декласифицирани и дали одбраната ќе може да поставува прашања до сведоците во врска со нивната содржина, имајќи предвид дека тие постапувале согласно наведениот анекс-план. - Во доказите на ЈО се доставени анекс планови за постапување на СВР Штип и ОВР Кочани, во кои документи стои „доверливо достапно само за полициски службеници“. Со оглед дека немаме…
Povezane vijesti

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
