Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. На минатото рочиште обвинителството презентираше докази, како записници од претрес и потврда за привремено одземени предмети од МВР, дописи, известувања и записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, како и предмети од ДПИ за Класик ДМ и ММММ Кафе, налози за вршење инспекциски надзор и записници од извршени инспекциски надзори од ДПИ. Јавната обвинителка Наташа Сарамандова, пред изведување на доказите, напомена дека ова не е едноставен кривично-правен настан и има бројни докази кои веќе се при крајот на нивното изведување, а најмногу се однесуваат во однос на околностите зошто во овој настан, последицата е починати 63 лица и тешки телесни повреди кај повеќе од 200 лица, од кои повеќето се млади и деца. -Доколку беше дозволено да се презентира согласно одредбата од член 392 од Законот за кривична постапка, уште во оваа фаза од…
Povezane vijesti

Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството откри СМС-ПОРАКИ ЗА ДОЈАВИ НА РАЦИИ И ИНСПЕКЦИИ КАЈ ГАЗДАТА ДЕКО

На судењето за „Пулс“ презентирани комуникации од телефоните на обвинетите, остануваат уште градежните вештачења
