Штокер: Билатералните прашања не смеат да го одложуваат проширувањето

Самит на лидери од Берлинскиот процес се одржа во Свети Стефан, Црна Гора. На самитот, на кој главниот фокус беше ставен врз побрзата интеграција на Западен Балкан, одекна и силната порака од австрискиот канцелар Кристијан Штокер, кој отворено потенцираше дека билатералните спорови не смеат да се користат како кочница во процесот на проширување. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=HFnopKIuQDw[/embed] Дека ставовите на македонската влада за неправедните блокади наидуваат на разбирање кај клучните европски партнери, потврди и прес-конференцијата на лидерите по самитот. Австрискиот канцелар Кристијан Штокер, чија земја го презема следното претседавање со Берлинскиот процес, испрати директна порака која директно кореспондира со македонскиот случај. „Она што го кажав минатата недела на Европскиот совет во Брисел, со задоволство го повторувам и тука: билатералните прашања не смеат да му наштетат на пристапниот процес. Тие не смеат да го одложуваат овој геополитички толку важен процес“, дециден беше Штокер, додавајќи дека ветувањето од Солун дадено пред 23 години конечно мора да се исполни. Тој побара итна и постепена интеграција на сите шест држави од Западен Балкан во европскиот внатрешен пазар, укинување на роамингот со ЕУ и вклучување во единствената област за плаќања во евра (СЕПА), за граѓаните веднаш да ги почувствуваат придобивките од Унијата. „Не може да се објасни зошто…
Povezane vijesti

Мерц: Западен Балкан не смее да биде полигон за туѓи влијанија

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана евроинтеграција
