klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 10. 2026. 06:03:43

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес што се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија. Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија. Пред почетокот на настанот, информираат од владината прес-служба, предвидени се кратки изјави за медиумите, додека на главната сесија премиерот Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti