klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари, социјалните и здравствените обврски имаат приоритет

Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари, социјалните и здравствените обврски имаат приоритет
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 10. 2026. 16:20:44

Денес не расправаме само за уште една измена на буџетските табели. Не расправаме за тоа каде има плус, а каде има минус. Расправаме за тоа како една држава носи одлуки кога економските околности се менуваат, кога меѓународните пазари се неизвесни и кога обврските кон граѓаните мора да се исполнуваат секој ден, се обрати Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година има една јасна суштина: да ги усогласиме приходите и расходите, да го задржиме веќе планираниот дефицит и да обезбедиме средства таму каде што обврската на државата е непосредна — кај пензионерите, семејствата, социјално ранливите граѓани и здравствената заштита. Истовремено, да ја продолжиме работата на инфраструктурата и да не трошиме средства само за да покажеме висок процент на хартија, додаде Стојаноски во обраќањето кое ви го пренесуваме во целост. https://www.youtube.com/watch?v=7GhlTytlV5c „Да почнеме од прашањето што секој граѓанин би можел да си го постави: зошто втор ребаланс за една година? Кога беше подготвуван претходниот ребаланс, меѓународните движења изгледаа поинаку. Геополитичката неизвесност, конфликтите и цените на енергенсите дополнително го усложнија економското опкружување. Државата реагираше со мерки за намалување на акцизното оптоварување на бензините и дизелот, со цел да го ублажи ценовниот удар врз домаќинствата и стопанството. Таа одлука…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti