Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година во второ читање. За Предлог-буџетот, кој е втор ребаланс за годинава, поднесени се над 120 амандмани од овластени предлагачи. Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за речиси 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Како што соопшти министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска осврнувајќи се на клучните параметри, кај даночните приходи е направена умерена корекција, од 213,3 на 209,8 милијарди денари или намалување од 1,6 процент. -Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените на нафтените деривати врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата - рече Димитриеска-Кочоска. Според неа, кај…
Povezane vijesti

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства македонската економија ќе биде на удар

Николоски: Македонија е лидер во спроведување на реформите од Планот за раст на ЕУ
