Стефаноски: СДСМ има зошто да се плаши од дијаспората, најголем дел се иселија додека тие беа на власт (ВИДЕО)

Стравот на СДСМ од дијаспората е основан, вели во интервјуто за ТВ Алфа аналитичарот Милан Стефаноски коментирајќи го кочењето на реформскиот Изборен законик кој го поздрави и ЕУ. Тој потсетува дека овие македонски граѓани во најголем број се иселија токму како резултат на нивното „владеење“, особено во црните денови на транзицијата во 90-те кога стотици илјади луѓе останаа без работа, но и во матниот период од 2017-та до 2024-та година кога стапката на иселување беше алармантна. Запрашан на шега од новинарот Љупчо Цветановски дали СДС треба да се носат на бајачка за уплав од нашите иселеници, Стефаноски потенцира дека дијаспората по правило е секогаш патриотски ориентирана. -Добро, тие имаат реален страв и треба да се плашат од дијаспората, затоа што таа дијаспора во најголем дел има заминато од државата кога СДСМ била на власт. Нормално дека тие луѓе нема да го дадат својот глас на СДС затоа што прво гледаат дека ништо не се променило. Второ, нашата дијаспора е генерално патриотски насочена кон својата матична држава, ја сака својата држава и и' помага на својата држава и нема политички да субвенционира играч на бугарската тајна служба. Во таа смисла СДСМ знаејќи дека мора да одработи за Бугарија, знаејќи го расположението…
Povezane vijesti

Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДСМ затоа го блокираат Изборниот законик

(ВИДЕО) СДСМ: Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, ниту во Македонија ниту од дијаспората
