СДСМ: ОД ДРЖАВОТВОРНА ПАРТИЈА ДО ПОЛИТИЧКА УРНАТИНА – ХРОНИКА НА ЕДНО САМОУНИШТУВАЊЕ

Она што денес се случува во СДСМ не претставува вистинска идеолошка, програмска или политичка дебата за иднината на македонската левица. Не се судираат различни концепции за социјалната правда, работничките права, даночната политика, јавното здравство, образованието или заштитата на најсиромашните слоеви. Не се расправа ниту за причините поради кои партијата ја загуби поддршката од своето традиционално членство. Се води персонална битка за тоа кој ќе управува со она што остана од СДСМ. Едните се претставуваат како единствени легитимни чувари на партијата, другите како спасители кои треба да ја ослободат од актуелното раководство. Наместо аргументи, се слушаат обвинувања за предавства, фракции, паралелни структури и обиди за преземање на партијата. Самото раководство јавно зборува за „ЗНАМ 2.0“, за луѓе кои сакале да го урнат СДСМ и за дебати што требало да се водат единствено во партиските органи. Тоа покажува дека спорот не е околу тоа што треба да биде СДСМ, туку околу тоа чиј треба да биде СДСМ. Падот не започна со Филипче Најголемата заблуда би била кризата да се сведе само на Венко Филипче или на непосредно претходниот претседател Димитар Ковачевски. Тие се повеќе последица отколку основна причина за пропаѓањето. Проблемот започна многу порано и тоа во моментот кога СДСМ престана да…
Povezane vijesti

Нема да дозволиме Филипче да го исклучи светлото во СДСМ, вели ексфункционерот на партијата Игор Ивановски

Петровска: Во СДСМ работите не се менуваат на подобро, мора да се менуваме, инаку ќе исчезнеме
