klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Старата чаршија пулсира во ритамот на музиката: Започна првото издание на Интернационалниот фестивал „Чаршија“

Старата чаршија пулсира во ритамот на музиката: Започна првото издание на Интернационалниот фестивал „Чаршија“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 13:02:42

Денеска, во Старата чаршија во Скопје, официјално започна првото издание на Интернационалниот фестивал на музика „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир чија цел е да прерасне во годишна традиција и да стане една од најзначајните културни манифестации во градот. На прес-конференцијата, организаторите ги претставија визијата и значењето на овој фестивал за културниот живот на Скопје. На настанот учествуваа министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани; градоначалникот на Општина Чаир, г. Изет Меџити; уметничките директорки на фестивалот Инва Мула и Дешира Ахмети Крлиу; претседателката на Комисијата за култура, Сарана Имери Стафаи; директорот на фестивалот, Авни Ќаили; директорот на Албанскиот театар, Исмет Рамадани и директорот на КИЦ, Имер Реџепи. Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, го поздрави организирањето на Фестивалот „Чаршија“, истакнувајќи ја важноста на поддршката на иницијативите што ги промовираат уметниците, културата и културното наследство. Тој оцени дека овој фестивал носи нова димензија во културниот живот на Чаир и Скопје, поврзувајќи го богатото наследство на Старата чаршија со современото творештво и придонесувајќи за развојот на културниот туризам. „Како министер за култура и туризам, ќе ја поддржувам секоја иницијатива која ги промовира уметниците, ја збогатува културната понуда и придонесува за развојот на културниот туризам“, изјави Сулејмани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti