Меџити ги пречека делегациите на Фолк Фест

Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на Folk Fest, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше истакнато и значењето на меѓународните фестивали во зближувањето на културите, промоцијата на фолклорот и создавањето пријателства меѓу народите. „Чаир и Скопје отсекогаш биле места каде што се среќаваат различни култури и традиции. Ви благодарам што преку вашата уметност, музика и фолклор го збогатувате културниот живот на нашиот град и градите мостови на пријателство меѓу луѓето од различни земји во светот,“ изјави Меџити. Меџити им посака добредојде на сите учесници и многу успех на финалната вечер на 8. издание на Folk Fest.


