Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Г. Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката и Врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова денеска го примил генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа. За неа, како што информираат од нејзиниот кабинет, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот. Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажала на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем. Соговорниците ја истакнале важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана. Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на НАТО, истакнал дека SECEUR ја цени професионалноста и посветеноста на македонската Армија, потврдени преку учеството во бројните мировни мисии и сојузнички активности, оценувајќи дека македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на претстојниот Самит на НАТО во Анкара.
Povezane vijesti

Генерал Гринкевич: Македонија е пример во НАТО, благодарност за придонесот со 4% од БДП

Мицкоски-Гринкевич: Македонија продолжува активно да придонесува кон заедничките цели и вредности на НАТО
