klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Македонија поздравена како држава која дава значителен придонес во НАТО

Мисајловски: Македонија поздравена како држава која дава значителен придонес во НАТО
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 14:30:14

Освен потребата од унапредување на соработката меѓу земјите-членки на Алијансата, на Самитот на НАТО во Анкара била потенцирана и заедничката одбранбена и безбедносна политика на европските земји, порака која се повеќе добивала на интензитет, при што Македонија била поздравена од голем број држави како земја, која иако мала во споредба со многу други, сепак дава свој значителен придонес во рамки на процесите на Алијансата. Ова го изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во заедничката изјава што ја дадоа со претседателката и врховен командант на вооружените сили на Македонија Гордана Сиљановска Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по завршувањето на Самитот. -Многу е важна пораката што ја имаме од сите европски, земји дека имаме заедничката безбедносна и одбранбена политика и дека треба да припаднеме таму и тоа е одлична порака која заеднички треба да ја споделуваме и го правиме тоа и затоа ако во рамките н а НАТО сме семејство на исто ниво, тоа треба да важи и за Европската Унија - рече Мисајловски и додаде дека повеќе држави не поздравиле, како земја, која иако мала, дава свој придонес. Министерот нагласи дека претседателката, која ја предводеше македонската делегација имала одличен прием и достоинствено ја претставила…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti