klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието

Средба на Гаши со професорите Ташковски и Геразов: Промовирано ВИ-решение за автоматска транскрипција во реално време за Собранието
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 11:03:35

Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со проф. д-р Димитар Ташковски и проф. д-р Бранислав Геразов при што беше промовиран моделот на ВИ за автоматска транскрипција во реално време, развиен во рамките на услугите на ИНОФЕИТ Европскиот дигитален иновациски хаб (INNOFEIT EDIH). Овој модел на вештачка интелигенција е развиен и трениран врз основа на видеоснимките од собраниските седници, што му овозможува со висока прецизност да го препознава говорот, терминологијата и специфичниот начин на водење на собраниските расправи. Проектот има за цел модернизација на процесот на изработка на собраниските стенографски белешки преку трансформација на досегашниот бавен и рачен процес во скалабилен, инклузивен и систем поддржан со вештачка интелигенција, кој овозможува автоматска транскрипција во реално време. Неговата примена ќе овозможи значително побрза изработка на транскрипти и записници, полесно пребарување на дискусиите по говорник, тема или клучен збор, како и создавање дигитални архиви кои ќе бидат подостапни за пратениците, стручната служба, медиумите и граѓаните. Истовремено, овој модел претставува темел за развој на нови функционалности во рамките на законодавната платформа, како што се автоматско титлување на преносите во живо, интелигентно пребарување низ седниците и примена на напредни алатки за анализа на собраниските материјали, придонесувајќи кон поефикасно, потранспарентно и подостапно Собрание. На промоцијата…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti