Македонскиот рубин и природното богатство на Македонија добиваат нова поддршка – потпишан Меморандум за промоција на геонаследството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните науки „Откритие“, Илија Петковски, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој ги здружуваат институционалните, научните и стручните капацитети за промоција, заштита и валоризација на геонаследството, минералното богатство и палеонтолошкото наследство. Меморандумот претставува продолжение на заложбите на Министерството за афирмација заштита, валоризација и промоција на македонското минерално богатство. По воспоставувањето на правната заштита на македонскиот рубин, следниот чекор е негова поширока презентација пред домашната и меѓународната јавност, како еден од најпрепознатливите симболи на македонското геолошко наследство. „Македонија поседува исклучително богато геолошко наследство кое со децении било недоволно промовирано. Богатство кое заслужува многу поголема видливост Нашата цел е да стане достапно за јавноста, да ја развиваме научната свест, да ја доближиме геологијата до граѓаните, да го поттикнеме интересот кај младите за природните науки, да го развиваме геотуризмот и да покажеме дека природните богатства се дел од нашиот национален идентитет и развоен потенцијал. Македонскиот рубин е еден од тие највредни симболи и заслужува да биде достојно претставен пред светот“, истакна министерката Божиновска. Со Меморандумот се воспоставува долгорочна соработка која предвидува организирање изложби, научно-популарни настани, јавни предавања, работилници, едукативни програми и тематски поставки, како и воспоставување партнерства…


