klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Средба Гаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформи

Средба Гаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 19:06:11

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши попладнево оствари средба со комесарката за проширување, Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствувале и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, е разговарано за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. Гаши изразил благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите, кој ќе придонесе за забрзан економски и социјален развој на целиот регион. Во текот на средбата бил потврден напредокот на Република Македонија во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кој на земјата ѝ беа одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Исто така, како што се наведува во соопштението, било нагласена важноста од конструктивен политички дијалог и обезбедување широка меѓупартиска поддршка за спроведувањето на реформите поврзани со процесот на европска интеграција. Соговорниците ја оцениле посетата на еврокомесарката за проширување како силна потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Република Македонија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti