klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции

Спасовски: Две години Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, професионални раководители, Академија за јавна администрација и модерни институции
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·24. 07. 2026. 11:05:57

„Реформите во јавната администрација продолжуваат со мерки што обезбедуваат професионално управување и континуиран развој на административните капацитети. Со донесувањето на Законот за високи раководители, за првпат се воспоставува единствен систем за избор на највисоките раководни позиции во државната администрација. Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, ограничувањето на вршителите на должност на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори, придонесуваат за поголема одговорност, стабилност, поефикасно користење на јавните средства. Во изминатиот период е воспоставена и Академија за јавна администрација, која ќе биде носител на обуките и професионалниот развој на административните службеници, а со модернизација на Центарот за обука, реализирани се обуки за повеќе од 1.000 службеници и воспоставен е современ електронски систем за учење. Истовремено, се унапредуваат Информациониот систем за управување со човечки ресурси, инспекцискиот систем, процесите за управување со квалитет, како и транспарентноста и учеството на јавноста преку Партнерството за отворена власт. Паралелно се унапредени и процесот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti