klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·26. 06. 2026. 21:00:18

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се зголеми на најмалку 920, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додека спасувачките напори продолжуваат два дена откако силните потреси ја погодија оваа јужноамериканска земја, јавува ДПА. Бројот на повредени лица, исто така, продолжува да расте, сега изнесува 3.300, рече Родригез. Два земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени и во период од само 39 секунди завчеравечер ја потресоа северна и централна Венецуела. Властите стравуваат дека во катастрофалните протеси можно е да има илјадници мртви. Спасувачките екипи се тркаат со времето, а шансите за преживување на оние што се уште се заробени под урнатините се очекува брзо да се намалат по 72 часа. Во државата Ла Гваира на карипскиот брег има огромни штети, но згради се урнаа и во главниот град Каракас и во други региони, потсетува ДПА. Спасувачките операции се комплицирани од фактот дека Венецуела е една од најсиромашните земји во Јужна Америка, заглавена со години во тешка економска криза. Меѓународни тимови за помош се распоредуваат во земјата за да помогнат во напорите за пребарување и да достават залихи. Бројот на пријавени исчезнати лица на неофицијалната веб-страница каде што роднините можат да прикачат фотографии од своите најблиски моментално…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti