Sport Sjeverna Makedonija
СП 2026: Според ФИФА првиот гол на Белингем е регуларен

Kurir.mk·Тале Кристо·12. 07. 2026. 09:13:39
Светската фудбалска федерација ФИФА објави дека првиот гол на Англија е регуларен во дуелот со Норвешка постигнат во финишот на првиот дел. Во својата објава ФИФА истакна дека немало контакт на топката со сајлата на камерата. Голманот на Норвешка Ориан Ниланд при исфрлањето на топката со нога му даде знак на судијата дека топката ја допрела сајлата на камерата над теренот и играта според него требаше да биде прекината. Но, во продолжението ан акцијата Англија постигна гол, а во продолжението уште еден за победа. ФИФА објави снимка каде сензорот во топката не забележал контакт додека таа била во воздух, што значи дека играта била регуларна.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


