Џуд Белингам обезбеди полуфинале за Англија на СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Ангкија се пласира во полуфиналето на Светското првенство , откако по 120 минути жестока борба успеа да ја елиминира Норвешка со триумф од 2-1. Херој на гордиот Албион беше Џуд Белингам, кој ги постигна двата гола за селекцијата на Томас Тухел. Во третиот четвртфинален натпревар на Светското првенство во 2026 година беше одигран драматичен дуел меѓу Норвешка и Англија во Мајами. По 90 минути резултатот беше 1-1, а Англичаните одиграа одлично во продолженијата и на крајот славеа со 2-1. Фудбалерот на Реал Мадрид Џуд Белингам е апсолутниот херој на Англија со двата постигнати гола, додека трагичар во редовите на Норвешка е голманот Ниланд, кој при решавачкиот погодок ја одби топката директно до противнички фудбалер. Единствениот гол за Норвешка го постигна Шјелдеруп. https://youtu.be/Zj_pQRIQWlQ?si=tUL7aYZeT3wHzChu
Povezane vijesti

Легендарен англиски судија: Голот на Англија требаше да биде поништен

Џуд е КРАЛОТ: Белингам ја “тресна“ Норвешка и ја однесе Англија во полуфинале!(ВИДЕО)
