Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ – подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз

Единствената коалција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори. На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за изборниот пораз што ги очекува. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. СДС ќе бара оправдувања, Левица ќе измислува нови конструкции, а ДУИ ќе продолжи да бега од одговорност. Но фактите се јасни, трите партии не сакаат реформи и токму тие се виновни што новиот Изборен законик се уште не е донесен. На Македонија и се неопходни функционални институции и фер изборен процес, а не опструкции мотивирани од теснопартиските интереси на СДС, ДУИ и Левица. Македонија е признаена како лидер во Реформската агенда а тоа што не се носи новиот изборен законик е вина на СДС, Левица и ДУИ. Граѓаните ги гледаат овие политичките манипулации и калкулирања и токму…
Povezane vijesti

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е признаена како лидер во Реформската агенда, Изборниот законик не се носи поради СДСМ, Левица и ДУИ кои се плашат од избори

За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев, затоа на штета на државата и дијаспората го блокираат Изборниот закон
