klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

​Свечено отворено 11. издание на „Киненова“: Светската кинематографија од денес во кино-салите во Кисела Вода

​Свечено отворено 11. издание на „Киненова“: Светската кинематографија од денес во кино-салите во Кисела Вода
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·15. 10. 2026. 12:15:55

​​​Синоќа, со проекцијата на филмот „Три недели потоа“ и врачувањето на наградата „Златна грива“ на турскиот режисер, сценарист, актер и историчар Емин Алпер, во киното „Фросина“ свечено беше отворено 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. На свеченото отворање присуствуваа претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, како и бројни актери, режисери, филмски работници и почитувачи на филмската уметност. Овогодишното издание се одржува под мотото „На прво светло“, а посебен белег на отворањето дадоа учениците од основните училишта од Општина Кисела Вода, кои премиерно ги прикажаа своите кратки филмови изработени низ работилницата „Снимај паметно, остави трага“, под менторство на режисерката Марија Џиџева. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на поддршката за овие млади автори и визијата на локалната самоуправа за децентрализација на културата: -Огромна е честа да се стои на оваа сцена вечерва, меѓу толку многу истакнати имиња од седмата уметност, докажани филмски работници и искрени вљубеници во филмот. Но, да се застане овде веднаш по овие млади луѓе, основците од Кисела Вода, и нивните филмски приказни, претставува чин на длабока интроспекција за сите нас. Низ нивните објективи, вечерва видовме како дигиталната ера, која често отуѓува и создава…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti