СКАНДАЛ: Ајала со тупаница го удира Дани Олмо (ВИДЕО)

Откако во центарот на вниманието претходно беше Леандро Паредес по завршување на финалниот меч од СП, сега на удар се најде Роберто Ајала, помошникот на аргентинскиот селектор Лионел Скалони. На снимката во текот на телевизискиот пренос може да се забележи како поранешниот аргентински репрезентативец им приоѓа на Дани Олмо и Ерик Гарсија, кои го прославуваат освојувањето на светската титула на Шпанија. Според снимката, Ајала без очигледна причина го удира Олмо со тупаница во пределот на главата. Ајала бил во обид да го испровоцира шпанскиот фудбалер и да предизвика поголем инцидент. Сепак, ситуацијата брзо била смирена, бидејќи Ерик Гарсија веднаш интервенирал и го оттурнал членот на аргентинскиот стручен штаб од својот соиграч. https://twitter.com/i/status/2079011355672125649


