Драматичен пораст на онлајн експлоатацијата на деца

Бројот на случаи во кои интернет-предатори ги принудуваат децата и тинејџерите да создаваат експлицитни фотографии и видеоснимки, како и да се самоповредуваат или да повредуваат други лица, нагло се зголеми низ светот во текот на изминатата година, предупредуваат експерти за заштита на децата и претставници на полициските служби. Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД соопшти дека во текот на 2025 година примил повеќе од 3.000 пријави за таканаречена „садистичка онлајн експлоатација“, што претставува зголемување од 125 проценти во споредба со претходната година. Експертите предупредуваат дека реалниот број случаи е значително поголем, бидејќи се пријавуваат само инциденти во кои е откриен материјал со сексуална злоупотреба на деца. Според нивните сознанија, сторителите најчесто ги пронаоѓаат жртвите преку социјалните мрежи, платформите за размена на пораки и популарните видеоигри како „Роблокс“ и „Мајнкрафт“, при што најчесто таргетираат деца кои јавно зборуваат за депресија, самоповредување или за суицидални мисли. По воспоставувањето контакт, сторителите бараат експлицитни фотографии, кои потоа ги користат за уцени и за присилување на жртвите да создаваат нов материјал, да се самоповредуваат, да повредуваат членови на семејството или домашни миленици, а во најтешките случаи и да се обидат да извршат самоубиство. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) уште во февруари предупреди…


