Бугарија не ја бара Ива Михајлова и нема да ја екстрадира во Македонија

„Државјанин на Република Бугарија не може да биде екстрадиран на друга држава или на меѓународен суд за целите на кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено со меѓународен договор што е ратификуван, прогласен и стапен во сила за Република Бугарија“ - соопшти денеска бугарското Мининистерство за внатрешни работи во врска со случајот со Ива Михајлова, по која македонското МВР распиша меѓународна потерница, откако викендов таа избега во Бугарија, а во судот во Кочани ѝ се суди за сообраќајна несреќа со смртни последици. - На 13 октомври во 19:38 часот, Дирекцијата за меѓународна оперативна соработка (DIOC) прими известување од Интерпол Скопје со барање за распишување меѓународна потерница за апсење и екстрадиција на Ива Михајлова – државјанка и на Бугарија и на Република Северна Македонија. Во известувањето беше наведено дека против Михајлова се води постапка за сообраќаен прекршок (дело казниво според член 300 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија) и дека Судот во Кочани издал налог за нејзино апсење на истиот датум – 13 октомври 2026 година. До овој момент, за Михајлова не е издадена „Црвена потерница“ (Red Notice). Бугарските власти не презеле никакви дејствија за лоцирање на лицето на бугарска територија. Потсетуваме дека, согласно член 25, став 4 од…


