klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Макрон: Франција и Германија повторно се приближуваат и ќе ја зајакнат соработката

Макрон: Франција и Германија повторно се приближуваат и ќе ја зајакнат соработката
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 06:49:45

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во близина на Келн, каде што пристигна во посета со членови на француската Влада. Односите меѓу двете земји во изминатиот период беа оптоварени со несогласувања, меѓу другото и поради неуспехот на проектот за заеднички борбен авион, но францускиот претседател оцени дека соработката треба дополнително да се прошири. Тој посочи дека Париз и Берлин имаат заеднички цели – јакнење на мирот и безбедноста во Европа, поддршка за Украина, зајакнување на европската одбрана и индустрија, како и соработка во стратешки области како вештачката интелигенција и енергетската транзиција. „Ова е ново стратешко почеток за Европа, што значи и консолидирање на германско-француското партнерство“, изјави Макрон.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti