Сиљановска-Давкова и Мурму присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол на ненасилството, остави универзално наследство што ги надминува националните граници, инспирирајќи генерации борци за слобода, правда и човеково достоинство. Таа потсети дека гандиевската филозофија на ненасилство и правото на народите слободно да ја определуваат сопствената иднина се одразило и врз македонското историско искуство, преку мирното осамостојување во 1991 година. Претседателката укажа на длабоката духовна поврзаност меѓу Махатма Ганди и Света Мајка Тереза, истакнувајќи дека токму во мултикултурно Скопје, градот во којшто се родила и израснала Мајка Тереза, се обликуваа вредностите што подоцна ќе ја одведат во нејзината хуманитарна мисија во Индија. Таа укажа дека обајцата, преку личната скромност и посветеноста на најранливите, оставиле траен белег врз современата историја, промовирајќи ненасилство, верски плурализам и социјална правда. „Нема посоодветен дом за бистата на таткото на современа Индија од родното место на Мајка Тереза, како траен симбол на заедничките хуманистички вредности што ги…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Станојоски испиша историја како прв ветерански првак на Македонија во шах!
