Арсова: Конкретни политики за младите, социјалните работници и семејствата преку реформи што носат долгорочни придобивки

„Покрај унапредувањето на системот за социјална заштита, Владата продолжува со спроведување мерки насочени кон подобрување на условите за работа на вработените, поддршка на младите и креирање на долгорочни политики за демографски развој. Потпишан е нов Колективен договор, со кој платите на вработените во центрите за социјална работа во земјава се зголемени за 20%. Со ова се вреднува трудот на стручните лица, кои секојдневно обезбедуваат поддршка за граѓаните и создаваат подобри услови за нивна професионална работа. Донесен е и Националниот план за управување со Европската младинска картичка за периодот 2026–2028 година. Во тек се активности за објавување јавен повик, за доставување предлог-проекти за имплементација на Европската младинска картичка преку доделување грант-средства, согласно утврдените критериуми и процедури. Целта на ова е избор на оператор, односно организација која ќе биде надлежна за спроведување, развој и одржливо управување со системот на Европската младинска картичка, со што на младите ќе им се овозможи полесен пристап до бројни поволности, услуги и можности во земјата и во Европа. Исто така, во соработка со УНФПА започнат е процесот на подготовка на Национална стратегија за демографски развој и отпорност. Стратегијата ќе биде основа за креирање политики што ќе ги поттикнат повратните миграции, ќе обезбедат поголема поддршка за семејствата и…

