Силен меѓународен академски повик за мир, усвоена „Скопската декларација“

По повод 20-годишнината на Универзитет Скопје, во Скопје беше усвоена и потпишана „Скопската декларација: Универзитетите, академиите и училиштата како засолништа на мирот“, како дел од иницијативата Глобална мировна офанзива (GPOC). Глобалната мировна офанзива е меѓународна иницијатива што ја повикува академската, научната и интелектуалната заедница поактивно да придонесе кон градење култура на мир преку дијалог, образование, соработка и човечка безбедност. Со Декларацијата се испраќа јасна порака дека универзитетите, академиите, училиштата, научните центри и културното наследство мора да бидат заштитени од последиците на конфликтите, а знаењето, образованието и академскиот дијалог да останат темели на мирот и човечката безбедност. Иницијативата ја претстави претседателот на GPOC, Донато Кинигер-Пасили, a ja потпишаa Ректорот на Универзитет СКОПЈЕ, проф. д-р Аце Миленковски, со претставници на Светската академија за уметност и наука, Универзитетот Алма Матер Еуропеа од Словенија, Светскиот универзитетски конзорциум и Меѓународниот совет на универзитети од Турција, во кој членуваат повеќе од 200 високообразовни институции од различни земји во светот. Со ваков состав на потписници, Скопската декларација уште од своето усвојување добива силна меѓународна академска димензија и потенцијал за пошироко глобално влијание. Скопската декларација останува отворена за нови потписници, со амбиција да прерасне во поширока меѓународна академска платформа за заштита на знаењето, дијалогот и мирот. Во следната…
Povezane vijesti

НАУКАТА И ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОДБРАНА НА МИРОТ: Потпишана Скопската декларација

Ѓорѓиевски: 59 години МАНУ – тврдина на македонското знаење, творештво и идентитет
