klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Сеул демантира дека САД побарале испраќање воен брод во Ормуската Теснина

Сеул демантира дека САД побарале испраќање воен брод во Ормуската Теснина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 18:17:50

Јужна Кореја денеска соопшти дека не добила ново барање од Соединетите Американски Држави за распоредување воени капацитети во Ормуската Теснина, но наведе дека спроведува „сеопфатна анализа на можностите за практичен придонес“ кон обезбедување на слободата на пловидба. Реакцијата следува откако медиуми објавија дека Вашингтон побарал од Сеул да испрати воен брод во стратешки важниот морски премин, во услови на обновени тензии меѓу САД и Иран околу Ормуската Теснина, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Советникот за национална безбедност на Јужна Кореја, Ви Сунг-лак, ги демантираше тие информации, наведувајќи дека „немало никакво ново барање од САД во врска со Ормуската Теснина, вклучително ниту барање за испраќање воен брод или преземање конкретна акција“. Соопштението на Сеул беше објавено додека американскиот државен секретар Марко Рубио во Манила се сретна со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Хјун, како и со неговите колеги од Индија, Јапонија и Австралија, на маргините на состаноците на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Прашан дали САД побарале од Јужна Кореја и другите азиски сојузници да придонесат со поморски сили, Рубио одговори: – Денеска не го побаравме тоа од нив. Тоа е и во нивен интерес. Ако го погледнете регионот, тие во голема мера зависат од нафтата и природниот гас…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti