Седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска на седница ќе разгледува повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на закони и подзаконски акти, меѓу кои и оспорената одредба од Законот за пензиското и инвалидското осигурување што предвидува линеарно усогласување на пензиите. Подносителите на иницијативите сметаат дека оспорената одредба, која се однесува на периодот од 1 септември 2025 до 31 март 2026 година, ја суспендира примената на членот 37 од Законот, кој предвидува усогласување на пензиите врз основа на порастот на платите и инфлацијата. Во иницијативите се наведува дека линеарното зголемување, односно зголемувањето за подеднаков износ за сите пензионери, не ја зема предвид висината на пензијата, претходните уплати на пензиски придонеси и годините работен стаж. Според подносителите, на овој начин пензионерите со пониски пензии добиваат релативно поголемо процентуално зголемување од оние со повисоки пензии, што, како што тврдат, претставува нееднаков третман на пензионерите во спротивност со уставното начело на еднаквост и забраната за дискриминација. Судиите ќе расправаат и по иницијатива за дел од Законот за јавна чистота, со која, според подносителот, не е јасна определбата да се „заштити” само „централното подрачје на општините, општините во Градот Скопје и градот Скопје”. Се наведува дека животната средина и нејзината заштита не треба да се протегаат само…

