Се решава статусот на професионалните војници над 45 години: НСО ја поздрави најавата на министерот Мисајловски

Независниот синдикат на одбраната ја поздрави најавата на министерот Владо Мисајловски за системско решение со кое би се обезбедила поголема сигурност за професионалните војници. Независниот синдикат на одбраната ја поздрави денешната изјава на министерот за одбрана Владо Мисајловски во врска со системското и трајно решавање на статусот на професионалните војници кои навршиле 45 години возраст. Од синдикатот посочуваат дека професионалните војници се еден од клучните столбови на Армијата и безбедноста на државата, поради што е неопходно да се обезбедат соодветни законски решенија што ќе ја гарантираат нивната професионална и социјално-економска сигурност. НСО ја поддржува секоја иницијатива што ќе овозможи продолжување на работниот ангажман на професионалните војници, како и зачувување на нивните стекнати права, плати и додатоци. Синдикатот нагласува дека останува посветен на заштитата на правата на сите вработени во одбраната, конструктивниот дијалог со надлежните институции и подобрувањето на стандардот и условите за работа на припадниците на Армијата. Од НСО најавуваат дека внимателно ќе ги следат следните чекори за реализација на најавените мерки, со цел нивно целосно законско уредување и спроведување. РЕШАВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ СО НАВРШЕНИ 45 ГОДИНИ! -Независниот синдикат на одбраната со задоволство ја поздравува денешната изјава на Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во врска со системското…
Povezane vijesti

Мисајловски: Со реформа во Армијата трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст

Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да останат во Армијата, ќе бидат ангажирани во единиците за обезбедување на касарните и гарнизоните
