Мисајловски: Професионалните војници може да останат и како цивилни лица во Армијата по 45-тата година, трајно се решава нивниот статус

Слушнат гласот на професионалните војници. По разговорите со претставниците на синдикатите во одбраната, Министерството за одбрана со трајно решение за статусот на професионалните војници по навршување на нивната 45 година од животот. Министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната прес-конференција истакна дека со претставниците на синдикатите заеднички ја изготвиле оваа реформа која засекогаш ги решава предизвиците со кои се соочуваат нашите војници. Мисајловски нагласи дека професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат се' за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што се потребни на граѓаните. -Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужени ќе можат да бидат задоолни и ќе бидат сигурни во својата иднина и по 45-та година од животот. Правиме историски чекори и го решаваме статусот на професионалните војници. Остануваат сите опции кои и претходно беа во законот, секој војник кога навршува 45 години ќе има можност да добие испратнина односно две просечни плати и зависно колку години поминал стаж ќе ги добива како испратнина. Ова останува. Останува и опцијата секој еден војник што сака да замине во друга институција, ќе биде овозможено бидејќи законот го дозволува. Голем дел од нив сакаат да останат во Министерството…
Povezane vijesti

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во АРМ со договор на неопределено време
