Svijet Sjeverna Makedonija
Се поплави Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија

Kurir.mk·Ивона Петрова·01. 07. 2026. 15:52:34
Силното невреме што го зафати Скопје предизвика проблеми и на Клиниката за онкологија, јавуваат дел од медиумите. Според информациите, бил поплавен долниот кат на објектот каде што се изведуваат третманите со радиотерапија. Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, потврди дека веднаш по настанот се исклучени сите апарати за радиотерапија, со што, како што посочи, била спречена поголема опасност. Тој нагласи дека установата е во постојана комуникација со Агенцијата за радијациона сигурност и увери дека ниту еден пациент не е изложен на ризик.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


