klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Се мапира еколошка пешачка патека до манастирот на Тиквешко езеро

Се мапира еколошка пешачка патека до манастирот на Тиквешко езеро
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·18. 10. 2026. 12:33:49

Еколошка пешачка патека во должина од околу 14 километри, од браната на Тиквешко Езеро до Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“, е во фаза на мапирање. Активностите ги спроведува еколошкото друштво „Тисовец“ од кавадаречкото село Возарци, со цел да се создадат услови за пешачење, рекреација и развој на одржливиот туризам во Тиквешијата. -Пред теренскиот тим се наоѓа сериозен предизвик, особено делот од село Праведник. Станува збор за исклучително тежок, стрмен и обраснат терен, кој на одредени места е целосно неисчистен и тешко прооден. Мапирањето бара многу пешачење, внимателно утврдување на трасата и посветена работа на терен. И покрај тешкотиите, продолжуваме чекор по чекор, со цел да ја утврдиме трасата и да создадеме основа за нејзино идно уредување, чистење и обележување. Нашата цел е да ги поврземе природните убавини на Тиквешијата со културното и духовното наследство на Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи“, создавајќи можности за пешачење, рекреација, едукација и развој на одржливиот туризам - појасни Сашко Данов, претседател на здружението. Тој истакна дека секој изоден дел од трасата е чекор поблиску до остварувањето на идејата – еко-патека што ќе им овозможи на граѓаните и посетителите подобро да ја запознаат природата и културното наследство на овој крај. Досега се одеше со чамец. Притоа додаде дека…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti