klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

СДС, Левица и ДУИ го блокираа Изборниот законик и го закочија реформскиот процес, обвини ВМРО-ДПМН

СДС, Левица и ДУИ го блокираа Изборниот законик и го закочија реформскиот процес, обвини ВМРО-ДПМН
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 11:19:50

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција обвини дека СДС, Левица и ДУИ се виновни што не беше донесен новиот Изборен законик во предвидениот рок, оценувајќи дека со тоа го блокирале напредокот на државата и реформскиот процес. Според Манасиевски, недонесувањето на Изборниот законик е доказ дека опозициските партии, кога имаат можност, го попречуваат развојот на државата. Тој посочи дека Изборниот законик требало да биде усвоен не само поради договорите меѓу политичките партии, туку и заради вградување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, како и поради тоа што е дел од Реформската агенда поврзана со европските интеграции. „Девет од десет реформи се исполнети, а единствената што останува е директна вина на коалицијата на СДС, Левица и ДУИ“, изјави Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека опозициските партии не се заинтересирани за усвојување на нов Изборен законик, туку настојуваат политички да профитираат, претставувајќи се како оштетени пред следните избори. Манасиевски додаде дека, според нив, токму поради недонесувањето на Изборниот законик државата го пропушта рокот поврзан со реформите, што може да има последици и врз пристапот до дополнителни средства од Планот за раст. Тој предупреди дека доколку не се постигне политички договор во наредниот период, следните избори би можеле да се одржат според постојниот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti