klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Зеленски ја одликува Фон дер Лајен: Украина е Европа, Европа е Украина

Зеленски ја одликува Фон дер Лајен: Украина е Европа, Европа е Украина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 07. 2026. 17:18:56

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, денеска ѝ го додели на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот украински Орден на Европа за нејзиниот „исклучителен личен придонес во поддршката на стратешкиот пат на Украина кон полноправно членство во Европската Унија“. За време на церемонијата по повод Денот на украинската државност во Киев, Зеленски рече дека иднината на Украина „мора да биде мирна и европска“, потсетувајќи дека неговата земја, во екот на руските напади врз Киев во февруари 2022 година, официјално аплицираше за членство во ЕУ, објавува Гардијан. „Добро се сеќавам кој беше скептичен и кој никогаш не се сомневаше во Украина и нашиот народ“, рече Зеленски, заблагодарувајќи ѝ се на Фон дер Лајен за нејзината континуирана поддршка. Зеленски истакна дека „Украина и Европа се едно“ и дека неговата земја „не е сама“, додавајќи дека секој што ѝ помага на Украина на нејзиниот европски пат има посебна вредност за Киев. Претседателката на ЕК, пак, од своја страна, изјави дека Европејците понекогаш забораваат колку европското знаме претставува вредност, но дека Украинците не го заборавиле, бидејќи се борат за сè што тоа симболизира, и истакна дека Украина е Европа, а Европа е Украина. Зборувајќи на церемонијата по повод Националниот ден на Украина во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti