klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Саудиски принц (29) беше пронајден мртов во луксузен хотел во Лондон: Еве што покажале камерите!

Саудиски принц (29) беше пронајден мртов во луксузен хотел во Лондон: Еве што покажале камерите!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·24. 07. 2026. 13:03:23

Саудиски принц беше пронајден мртов во својата луксузна хотелска соба во Лондон минатиот ноември, а снимките од безбедносните камери подоцна потврдиле дека во часовите пред неговото тело да биде откриено, тој бил сам, беше кажано на истрагата. Принцот Абдула бин Фахад бин Абдула бин Абдулазиз бин Џалави Ал Сауд (29) бил пронајден како лежи целосно облечен на подот од бањата во својот апартман на петтиот кат во хотелот „Мериот“. Хотелскиот персонал насилно влегол во заклучената соба откако принцот не одговарал на повеќекратното тропање на вратата. На местото веднаш пристигнале обезбедувањето и екипи на итната медицинска помош, но не успеале да му го спасат животот. Снимките од безбедносните камери, презентирани за време на истрагата, покажале дека принцот вечерта пред да биде пронајден излегол сам од хотелот за да запали цигара, а потоа мирно се вратил во својата соба. Истражителите потврдиле дека никој друг не влегол во неговиот апартман во часовите пред неговата смрт. Токсиколошките анализи откриле загрижувачки резултати. Концентрацијата на алкохол во неговата крв била речиси трипати поголема од дозволената граница за возење во Англија, ниво за кое судот слушнал дека само по себе можело да предизвика кома. Освен алкохол, во неговиот организам биле пронајдени и потенцијално смртоносни количества на други…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti