Фер туризам започнува со пријавен доход: УЈП со засилени активности во летната туристичка сезона

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети - апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП спроведува повеќе паралелни активности: објавување практични насоки за пријавување на доходот директна комуникација и поддршка за даночните обврзници поврзување со други институции на државно и локално ниво и споделување информации и податоци анализи на ризик и насочени контроли информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи. Целта на Управата за јавни приходи не е само да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Доброволната усогласеност претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите. УЈП потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски. Истовремено…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

SKYMUSIC & Music Week Concerts predstavlja: SENIDAH hala "Čair" - 22. oktobar, veliki solistički koncert
