Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. Министерот Шасивари ја потврди определбата на Министерството за правда за јакнење на институционалните механизми што обезбедуваат почитување на законските одредби и гарантирање на јазичните права на граѓаните. Директорот Османи посочи дека Агенцијата за примена на јазикот обезбедува стручна и практична поддршка на државните институции во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, преку насоки, препораки и експертска помош. Агенцијата се грижи за унапредување на службената употреба на албанскиот јазик, кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, како право загарантирано со закон. Во периодот кој следува ќе се продлабочи институционалната соработка, координацијата и заедничките активности што ќе придонесат за поефикасна и доследна примена на Законот за употреба на јазиците во сите државни институции.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Македонскиот рубин и природното богатство на Македонија добиваат нова поддршка – потпишан Меморандум за промоција на геонаследството
