klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

САД:Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат

САД:Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·29. 06. 2026. 06:02:01

САД очекуваат со следните денови очекуваат понатамошни разговори со Иран и покрај неколкуте напади за време на прекинот на огнот, изјави синоќа за ДПА висок функционер на американската администрација. „Ништо не е откажано“, рече функционерот. Техничките разговори за спроведување на меморандумот за разбирање и во наредните денови остануваат „на добар пат, како што е планирано“, рече функционерот, додавајќи дека каналите за олеснување на конфликтите се „во функција“ по самитот на езерото Луцерн. Извор изјави за ДПА дека САД и Иран привремено ќе ги прекинат меѓусебните напади и ќе продолжат со преговорите. Бродовите ќе можат слободно да се движат низ Ормуската Теснина додека продолжуваат разговорите за спроведување на рамковниот договор. Според американскиот портал Аксиос, двете страни планираат утре да се сретнат во главниот град на Катар, Доха, иако засега нема официјална потврда за оваа најава, пренесе германската агенција. Разговорите првично требаше да се одржат во Швајцарија за да се разгледа иранската нуклеарна програма. Меѓутоа, поради неодамнешната ескалација, разговорите беа преместени и сега ќе се фокусираат на Ормуската Теснина, објави Аксиос. Претходно минатата недела, САД извршија напади врз цели во Иран по нападите во Ормуската Теснина за кои Вашингтон го обвини Техеран. Нападите се заканија да го разгорат конфликтот, речиси две недели…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti