klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 06:53:46

Американските вооружени сили рано утрово повторно воведоа блокада на иранските пристаништа како одговор на нападите на Техеран врз бродови што се обидуваат да минат низ Ормуската Теснина, по што Иран изврши нови напади врз земји во кои се распоредени американски воени сили. Според светските агенции, таквите околности со размена на напади меѓу двете страни, како и нивните обиди да воспостават контрола врз морскиот премин низ кој во мирнодопски услови поминува околу една петтина од светскиот извоз на нафта и природен гас, повторно се закануваат да го вовлечат регионот во поширок воен конфликт. САД првпат воведоа блокада во средината на април, а ја укинаа во средината на јуни, ден по потпишувањето на привремениот договор што предвидуваше 60-дневен рок за преговори за иранската нуклеарна програма и други прашања. По застојот во разговорите, судирите во Ормуската Теснина повторно ескалираа. Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави обновување на блокадата и воведување надомест од 20 проценти за бродовите што минуваат низ Теснината, но неколку часа пред нејзиното стапување во сила се откажа од таа мерка, повикувајќи се на барања од американските сојузници во Персискиот Залив. Пред обновувањето на блокадата, американските сили извршија нов бран напади, соопшти Централната команда на американската војска (CENTCOM). Рано изутринава…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti