klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Аргентинскиот селектор посакува уште едно финале

Аргентинскиот селектор посакува уште едно финале
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·15. 07. 2026. 17:37:10

Актуелниот светски првак Аргентина вечерва го има најтешкиот ривал досега на Мундијалот, селекцијата на Англија. Оваа репрезентација на последните две Европски првенства беше финалист, завршуваше поразена. – Верувам дека играњето полуфинале на Светското првенство е нешто уникатно. Точно е дека веќе сме играле еднаш финале, но како никогаш да не сме играле. Исто толку сме среќни, вознемирени и охрабрени што можеме да им понудиме на нашите луѓе уживање и да ја видат нивната репрезентација како дава сè од себе. Пред нас имаме голем ривал кој ќе ги отежни работите, кој ќе се обиде да се пласира во финалето, а ние сме во исчекување, изјави на прес конференцијата селекторот на Аргентина Лионел Скалони. Дуелот Англија – Аргентина се игра вечерва со почеток во 21 часот во Атланта, а прв финалист е репрезентацијата на Шпанија која синоќа во Далас ја совлада Франција со 2:0.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti