Рубио: Пресретнувачите на ракети за Украина можеби не се испорачани

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека можеби е вистина дека контингентот на пресретнувачи на ракети набавен за Украина во рамките на програмата PURL сè уште не е испорачан. „Мислам дека најважното нешто што треба да го заклучите од ова е дека немало намерна политичка директива насочена кон штета на Украина“, изјави Рубио на почетокот од неговата посета на Индија, објавија британските медиуми. Претходно денеска, украинската агенција Укринформ објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнал во Киев со тимот на американската одбранбена компанија „Локид Мартин“ и разговарал за проширување на снабдувањето со опрема за антибалистички ракети и можноста за сервисирање и поправка на ловци Ф-16 во Украина. (МИА)

