klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кушнер и Виткоф планираат да патуваат во Норвешка на нова рунда преговори за Украина

Кушнер и Виткоф планираат да патуваат во Норвешка на нова рунда преговори за Украина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 06:08:31

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и неговиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, оваа недела треба да отпатуваат во Норвешка на нова рунда преговори за окончување на војната во Украина. Три лица запознаени со прашањето, кои зборувале под услов да останат анонимни, рекле дека се очекува на средбите да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и дека распоредот на состаноците сè уште е привремен и може да биде променет. Предвидените разговори се одржуваат во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Киев. Украина тврди дека брзината на нејзиниот воен сателитски систем „Старшилд“, во сопственост на „СпејсИкс“, е намалена со одлука на американската администрација и дека САД ја ограничиле размената на разузнавачки информации, како и дека ја одложиле испораката на ракети за противвоздушните системи „Патриот“, што се платени од други земји. „Сето ова упатува на тоа дека е донесена одредена политичка одлука за забавување на поддршката за Украина“, изјави Зеленски во вчера објавената видеопорака на Телеграм. Едно од лицата запознаени со прашањето изјавило дека американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, сè уште не ја одобрил испораката на најновиот пакет американско оружје купен од сојузниците во НАТО во рамките на програмата позната како PURL (Листа на приоритетни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti